Во Грција починаа две лица од вирусот Западен Нил
Објавено во: Балкан 09 Август, 2018
Две лица на возраст од над 80 години починаа во Грција од вирусот Западен Нил, од почетокот на летото до сега, а 55 се заразени, пишува грчки „Катимерини“.
Дванаесет луѓе се хоспитализирани, а министерството за здравство на Грција објави мерки за превенција и заштита од вирусот.