Во Грција пристигнаа Авганистанци, повеќето од нив се судии
Објавено во: Балкан 25 Октомври, 2021
Судии од Авганистан пристигнаа во грчката престолнина Атина.
Преку Тбилиси во Атина, допатуваа 269 авганистански државјани, мнозинството од нив судии. Од надлежното Министерство соопштуваат дека авганистанските државјани ќе бидат привремено сместени во Грција.Откако Талибанците го презедоа Авганистан, ова е првпат во Грција да стигне голем број авганистански државјани, со оглед на тоа дека досега во неколку наврати во Атина пристигнуваа или по неколку лица или не повеќе од 30 Авганистанци, јавува новинската агенција МИА.
Дел од Авганистанците кои пристигнаа во земјава си заминаа. Во соседството, Авганистанци прими Албанија и Косово.