Во Хрватска и во БиХ црни статистики: Есенскиот бран на ковид зема се поголем замав

Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2020
Во Хрватска и во БиХ се уриваат есенските рекорди по новозаразени граѓани со корона вирусот. Денеска во Хрватска има 1.131 нови потврдени случаи, а според владиниот кризен штаб бројот на активни се 4.233, од кои 505 пациенти се на болничко лекување. Со најтешка форма на болеста има 24 пациенти кои се на респиратор. Во последните 24 часа во Хрватска починал само 1 пациент, а од почетокот на епидемијата вкупниот број на починати е 345 починаа.
Во последните 24 часа и во БиХ има рекорден број новозаразени со ковид, односно 621, а починати се 8 пациенти. Во Федерацијата тестирани се 1.759 примероци, а 371 се
позитивни на корона вирус. Во Република Српска пак, денеска има 242 новозаразени, а во последното деноноќие починале двајца.
Можеби ќе ве интересира
Се дозна по чии налог бил прислушуван Вучиќ и каде завршувале транскриптите - еве што кажа раководителот на Управата

Грција регистрира позитивни случаи на новиот сој на граничните премини

БЕШЕ СЕРИОЗНО: Воспаление на целиот абдомен, белите дробови.... - Чеда Јовановиќ прв пат во јавноста по излегувањето од болница

Од коронавирусот почина српскиот началник за вонредни ситуации

ПРВ СЛУЧАЈ НА ПОЧИНАТО ДЕТЕ ОД ВИРУСОТ ВО ХРВАТСКА: Причината е постковид синдром
