Во Иран масовно се купуваат долари
Објавено во: Финансии 22 Април, 2018 10:39
Иранската валута драматично девалвира, луѓето масовно ги претвораат своите заштеди во долари и ги извезуваат надвор од земјата поради политичката нестабилност, јавува Дојче Веле.
Официјално еден долар се разменува за 42. 000 риали. На црниот пазар сепак цената на доларот е речиси 60. 000 риали. “Пред менувачниците има огромни редици. Луѓето се загрижени. Никој не знае што се случува. Но, колку поскап станува доларот, толку по долги стануваат и редовите за чекање”, пишува ДВ.
Во изминатите недели иранската валута девалвира драматично. Најмногу поради шпекулациите околу евентуалното повлекување на САД од нуклеарниот договор со Техеран.
“Во земјата не влегуваат долари, а сите Иранци сакаат да купуваат долари и да извезуваат имот надвор од земјата. Централната банка не е во состојба да ја задоволи огромната побарувачка на девизи – таа и не сака такво нешто, бидејќи сака да го спречи одливот на државното богатство надвор од земјата. Пазарите во Иран се разнишани, а од тоа заработуваат само оние институции кои се јавуваат на црниот пазар “, тврди економистката Сара Базобанди.
“Она што го доживуваме во моментов, не е криза на економијата, туку криза на безбедноста. Оние кои пред три месеци протестираа против владата, сега сакаат да предизвикаат нова криза”, изјави во интервју за иранската новинска агенција ИРНА познатиот економист Саед Лејлаз.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





