ВО ИСЧЕКУВАЊЕ: Ќе победи Хрватска или Франција?
Објавено во: Балкан 15 Јули, 2018
Во Русија попладне ќе биде одигран последниот дуел на Светското првенство. Во финалето ќе играат Франција и Хрватска.
На петте досега одиграни меѓусебни дуели Франција нема пораз или има три победи и два дуела завршиле нерешено.
Натпреварот ќе го суди Нестор Питана од Аргентина, а помошници се неговите сонародници: Хернан Маидана и Хуан Пабло Белати.
Финалето како и првиот натпревар ќе се одигра на стадионот „Лужники“ во Москва, а се очекува температурата за време на финалето да биде околу 27 степени.
Улиците на Москва од синоќа се полни со хрватски навивачи.
фото 24 sata