Во Измир повредени над 600 луѓе, Заев изрази сочувство
Објавено во: Балкан 30 Октомври, 2020
Бројката на повредени во земјотресот во Измир се искачи на 607, a спасувачките служби не застануваат.
Во локалната болница на островот Самос во Грција помош побараа уште 8 лица со полесни повреди.
Гувернерот на Измир, Јавуз Селим Косгер, изјави дека најмалку 70 лица се спасени од под урнатините. Тој рече дека десет згради се срушиле и дека другите се оштетени.
Во спасувачката операција се ангажирани 38 амбуланти, два хеликоптери и 35 медицински спасувачки екипи. Турските власти и медиумите ги повикаа луѓето да не излегуваат на улица.
Премиерот Зоран Заев вечерва преку Твитер изрази сочувство до Турција поради силниот земјотрес. Тој спомна дека сликите се вознемирувачки и во име на граѓаните посака брзо закрпнување од последиците.
Потресот беше со јачина од скоро 7 степени.