ВО ИЗРАЕЛ: Пронајден мртов Ду Веи, амбасадорот на Кина, нема знаци на насилство
Објавено во: Свет 17 Мај, 2020
Утринава во својата резиденција во Тел Авив е пронајдено
безживотното тело на кинескиот амбасадор во Израел, Ду Веи, кој беше назначен
на функцијата пред три месеци, односно во февруари, во екот на пандемијата на
корона вирусот.
МНР на Израел ја потврди веста, како и тоа дека семејството на 57-годишниот Веи не е во Полицијата сега е во кинеската официјална резиденција, јавуваат израелските медиуми.
Според досегашните пишувања на израелските медиуми, тој бил пронајден мртов во својот кревет од страна на неговиот најблизок соработник, и неофицијално дека причина за смртта е срцев удар. Тимот од лекари, кои пристигнале во домот на амбасадорот Веи, соопштиле дека нема видливи знаци на насилство.