Во Јужноафриканската Република има пет пати повеќе инфицирани
Објавено во: Свет 03 Декември, 2021
Расте бројот на хоспитализирани деца во Јужна Африка.
Вчера во Јужноафриканската Република биле регистрирани 11.535 нови инфекции, петпати повеќе одошто пред една недела, а најголем број отпаѓаат на заразени во провинцијата Гаутенг.
Бројот на новоинфицирани расте со многу побрзо темпо отколку при претходните три корона-бранови, посебно во провинцијата Гаутенг со метрополите Јоханесбург и Преторија. Првото жариште на заразата беше еден универзитет, а оттаму вирусот брзо се рашири.