Во какво возило се вози Александар Вучиќ?
Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2018
Јутарњи лист пишува во каква лимузина го возеа српскиот претседател Александар Вучиќ низ Загреб.
Стотка постигнува за 6,5 секунди, чини повеќе од еден милион, пишува Јутарњи.
Осигурувањето на Александар Вучиќ, од нивните хрватски колеги и домаќините побара српскиот претседател при посетата на соседната држава да се вози во неговото претседателско возило, а на тоа е, како што може да се види, удоволено.
Во колоната од 15-црни лимузини и џипови кои се снимени на Авенијата на Хрватската братска заедница беше забележливо возилото со белградска ознака BG 1108-11. Станува збор за блиндирана верзија со ниво на балистичка заштита 9, чија каросерија е направена од материјал вообичаен во производството на воени возила и отпорна е на куршуми од пушка, со моќност од 425 коњски сили, која достигнува стотка за 6,5 секунди, а нето цената е повисока од 135.000 евра.