Во кои градови губите најмногу време во сообраќајниот метеж
Објавено во: Економија 16 Декември, 2018
Во многу градови, сообраќајот во пикот низ прометните улици и булевари е вистински кошмар. Според најновите истражувања на INRIX Global Traffic Scorecard, Москва има најтешки сообраќајни метежи од сите европски главни градови, каде возачите губат 91 час годишно (2017 година) поради гужвите.
Зад Моксва се Лондон (74 часа) и Париз (69 часа). Ситуацијата е многу подобра во некои помали престолнини, како што е словенечкиот главен град на Љубљана - каде возачите загубија 21 час во 2017 година поради сообраќајните метежи.
Од евиденцијата, Љубљана има најмалку метеж од сите главни градови во Европа.
На пример, во Виена загубеното време е 40 часа, Брисел 39, Берлин 44, Осло 46 итн.