Во кои региони најмногу се градело во септември?
Објавено во: Економија 13 Ноември, 2016
Во септември годинава се издадени 297 одобренија за градење во земјава, според податоците на Државниот завод за статистика.
По региони, во вардарски се издадени 24 дозволи за градба, во источен 40, во југозападен 35, во југоисточен 56, во пелагониски 21, во полошки 27, во североисточен 6, и во скопски 88. Вообичаено со месеци наназад очигледно е дека најмалку се гради на североистокот од Македонија, а најмногу во скопско. Во североисточниот регион ќе се гради само еден станбен објект со 149 соби, што е најмалку во однос на другите региони. Одобренијата за градење во септември се за 6.0% помалку во однос на истиот месец од претходната година.