28 Март, 2024
0.0255

Во која македонска компанија не се работи ништо за просечна плата од 500 евра?

Објавено во: Економија 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Во термоцентралата „Неготино“ просечната нето месечна плата лани изнесува околу 500 евра, а обврска на вработените е да одат на работа, но ништо да не работат!

ТЕЦ Неготино, државната термоелектрана лоцирана кај неготинското село Дуброво е единствена домашна компанија во која вработените одат на работа, но не работат ништо и земаат плата. Да тоа е опис на нивните работни места – да не работат ништо затоа што работат во компанијата што е ладна резерва во електроенергетскиот систем на Република Македонија.

Што значи ладна резерва?

Во речникот на електроенергетичарите „ладна резерва“ значи компанија која мора постојано да биде слободна и спремна за да ако затреба биде ангажирана за потребите на електроенергетскиот систем на нашата земја. Значи работата на ТЕЦ Неготино е секогаш да биде на располагање за потребите на системот. Заради тоа оваа електрана не треба да има други работни обврски туку да биде надвор од погон и ако затреба да биде ангажирана за потребите на електроенергетскиот систем. Токму од тука е и називот ладна резерва при што ладна значи дека не треба да биде во погон т.е. да биде топла, а резерва е на има капацитет што во секој момент ако затреба ќе испорача електрична енергија во системот. Најпросто кажано ТЕЦ Неготино за македонскиот електроенергетски систем е исто што е и резервниот гума за вашиот автомобил. Едиствена разлика е тоа што оваа резерва е многу скапа играчка која мора да се има, а за која плаќаат на годишно ниво сите потрошувачи на електрична енергија.

Колку чини годишно неработењето на ТЕЦ Неготино?

Според официјалните податоци што компанијата ги објави на интернет страницата на берзата, ТЕЦ Неготино лани потрошувачите на струја ги чинел 194,74 милиони денари односно  3,16 милиони евра. Тоа значи дека секој работен ден македонските граѓани плаќаат 8.450 евра за расположливоста односно за неработењето на ТЕЦ Неготино. Сумата што оваа централа која работи на погонско гориво мазут ќе ја добие на годишно ниво зависи од Регулаторната комисија за енергетика која ги одобрува трошоците за неговата работа. Лани тие биле на речиси исто ниво како и во 2015 година. Оперативните расходи на компанијата лани биле 184 милиони денари и компанијата годината ја завршила книговодствено со добивка од 10,65 милиони денари.

Платите за вработените се 64 отсто од сите трошоци

Компанијата лани за плати на своите вработени, кои не работат ништо затоа што централата не беше вклучувана, платила над 117 милиони денари. Според официјалните податоци ТЕЦ Неготино лани ангажирал 225 вработени лица. Просечно по вработен бруто платата со надоместоците на годишно ниво изнесува 522.591 денари. На месечно ниво тоа е 43.550 денари во бруто износ. Просечната нето плата по вработен изнесува 500 евра!

Втор по големина трошок во расходната структура е трошокот за енергија за потребите на централата што лани изнесувал 14 милиони денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“