Во која земја еден процент од населението е побогато од целата средна класа?
Објавено во: Економија 13 Октомври, 2021
Еден процент Американци се побогати од целата средна класа.
Богатството во САД е концентрирано во сè помал круг луѓе. Ова го покажуваат податоците на Блумберг, според кои средната класа има помалку активи од најбогатите еден отсто од населението. Од вториот квартал на 2021 година, најбогатите еден процент од Американците имаа вкупна нето вредност од 36,2 трилиони долари. И најбогатите и средната класа се многу побогати од почетокот на пандемијата.