06 Декември, 2022
0.0303

Во Косовска Митровица е запален автомобил на Србин

Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Нов инцидент се случи на Косово. 

Запален е уште еден автомобил на северот.  Во Косовска Митровица синоќа е запален автомобил „шевролет каптива“ на Србинот Н.М. регистриран на таблички Крагуевац.

Како што пишува Коссев, сопственикот изјавил дека не постои ниеден мотив поради кој некој би му го запалил автомобилот. Рекол дека е приватник со години и дека со никого не бил во лоши односи. 

„Не работам во ниедна јавна установа, ни по косовскиот ни по српскиот систем. Па ете, дури и табличките ми се од Крагуевац“, кажал Н.М.

Коссев наведува дека ова е 12-ти запален автомобил од почетокот на годинава. Ова е 63-то возило запалено од 2014 година во средините во кои живеат Србите“, објави порталот.

Месецов беше запален автомобил на Србинка од Лепосавиќ. 

По неуспешните преговори во Брисел, а на барање на САД, Косово сепак го одложи спроведувањето на одлуката за казнување на оние кои не ги пререгистрираа возилата од српски на косовски таблички за следните 48 часа. 

Како што јави дописиникот на МИА од Белград, претседателот на Српската листа Горан Ракиќ по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „Србите не можат да го толерираат теророт на Приштина и најави протести во сите институции“.

foto EPA-EFE

Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2022 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Кога Хрватска ќе игра во четврт финалето на Светското првенство?

Кога Хрватска ќе игра во четврт финалето на Светското првенство?

Дали професорката од Трстеник доби извинување од учениците кои ја исмеваа?

Дали професорката од Трстеник доби извинување од учениците кои ја исмеваа?

БРНАБИЌ: Ембаргото на руската нафта ќе влијае на економијата, ама Србија е енергетски стабилна земја

БРНАБИЌ: Ембаргото на руската нафта ќе влијае на економијата, ама Србија е енергетски стабилна земја

ЗАПОЧНУВА ШОПИНГ ЛУДИЛОТО - Хрватите очекуваат дека ќе го надминат минатогодишниот рекорд

ЗАПОЧНУВА ШОПИНГ ЛУДИЛОТО - Хрватите очекуваат дека ќе го надминат минатогодишниот рекорд

Маркетите ангажираат обезбедување поради кражба на храна - се краде се, од путер до кроасани

Маркетите ангажираат обезбедување поради кражба на храна - се краде се, од путер до кроасани

ТАТО, НЕ МОЖАМ ДА ГО ИЗДРЖАМ ОВА - Се огласи таткото на ученикот од Трстеник кој се обиде да се самоубие

ТАТО, НЕ МОЖАМ ДА ГО ИЗДРЖАМ ОВА - Се огласи таткото на ученикот од Трстеник кој се обиде да се самоубие

Рама: Катастрофално за тебе и Србија ако не дојдеш на Самитот

Рама: Катастрофално за тебе и Србија ако не дојдеш на Самитот

Хрватска со иста судбината како Германија и Австрија - Пред пет години не можевме да го замислиме ова

Хрватска со иста судбината како Германија и Австрија - Пред пет години не можевме да го замислиме ова

Бугарски министер му се закани на холандскиот премиер: Руте да внимава што зборува

Бугарски министер му се закани на холандскиот премиер: Руте да внимава што зборува