20 Април, 2024
0.0257

Во летната жега „Прилепска пиварница“ направи приход од 10 милиони евра

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во летната жега од почеток на јули до крај на септември Македонците дневно за пива и сокови на Прилепска пиварница плаќале 108.650 евра. За третиот квартал оваа компанија направила приход од 10 милиони евра

Прилепската пиварница во летните месеци (јули, август и септември) направи приход од 10 милиони евра од продадени пива и сокови, покажуваат официјалните податоци на најуспешната домашно поседувана пиварница за првите девет месеци годинава објавени на веб платформата СЕИ НЕТ на берзата.

„Златен Даб“ и „Крали Марко“ заедно со прочуената прилепска „Газоза“, интернационалниот бренд „Пепси“ и домашните „Миринда“ и „Портоколада“ покажаа дека се омилени пијалоци на Македонците. Вкупната продажба на Прилепска пиварница за третиот квартал изнесува 10 милиони евра за 92 дена. Односно просечно дневно 108.650 евра приход. Информација што сигурно ќе ги охрабри многубројните акционери на втората најголема пиварница со седиште во земјава.

Вкупниот приход за првите девет месеци е 23,9 милиони евра, а дури 10 милиони евра се направени за третиот квартал. Тоа е безмалку приход колку што имаат првите два квартали заедно. Значајно да се истакне е тоа што безмалку целиот приход од продажба е остварен на домашниот пазар. Приходите за првите девет месеци годинава се поголеми за 1 отсто во споредба со истиот период лани. Голем раст во овој период бележат оперативните расходи кои на крај на септември достигнаа 23,97 милиони евра и се за 8 отсто повисоки од истиот период лани. Во структурата на расходите најмногу растат трошоците за набавна вредност на трговски стоки кои се поголеми за 1,2 милиони евра од лани и изнесуваат 5,6 милиони евра. Услугите со карактер на материјални трошоци пораснале за половина милион евра во однос на лани и достигнаа 2,1 милиони евра. Оперативната добивка на друштвото заклучно со септември е 381.000 евра и е за 81 отсто пониска од истиот период лани.

Благодарејќи на одличниот скор меѓу финансиските приходи и расходи Прилепска пиварница е во позитива 272.000 евра. До одбивањето на данокот нето добивката е 653.000 евра и тоа во споредба со лани е помал резултат за 72 отсто.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор