ВО ЛОНДОН ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ 24 ЧАСА - нов план за да се заштитат најранливите
Објавено во: Свет 18 Јануари, 2021
Во Лондон, пунктовите за вакцинација против коронавирусот ќе започнат да работат 24 часа на ден, соопшти денеска министерот задолжен за вакцинација на населението Надим Захави.
Тој додаде дека засега постои „ограничен број вакцини” кои мора да стигнат до луѓето на кои им се најпотребни, како што се постарите лица или лицата со хронични заболувања.
Во моментов во Велика Британија, граѓаните можат да се вакцинираат во периодот од 8.00 до 20 часот.