18 Април, 2024
0.0280

Во Лондон поставени градски клупи кои апсорбираат смог

Објавено во: Свет 21 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Велика Британија со нов потег за чист воздух. Станува збор за City Tree“ клупи кои служат и како филтери кои го впиваат загадувањето од воздухот.

Ваквите клупи се поставени во Лондон, бидејќи таму е измерен најлош квалитет на воздухот и во последно време степенот на загаденост ги надминува границите што ги постави ЕУ.

„Сити Три“ клупите работат со помош на мов и други растенија кои природно отстрануваат азот диоксид, прашина и гасови од воздухот, а поставени се пред продавници со органска храна и популарни кафулиња во близина на Пикадили.

Клупите се вклучени на интернет и покажуваат податоци за квалитетот на воздухот, температурата, квалитетот на водата и влажноста на земјата. Во нив има соларни плочи кои ги снабдуваат со енергија и направени се од цврст материјал за да бидат отпорни на удари од страна на вандали.

Произведени се од германската компанија „Грин Сити Солушнс“ (Green City Solutions). Иако не е голема, производителите тврдат дека една клупа дејствува како 275 вистински стебла. Една клупа годишно може да филтрира 265 јаглерод диоксид и други честици.

Вакви клупи освен во Лондон има и во градови како што се Хонг Конг, Амстердам, Париз и Осло.

Целта на производителот е оваа технологијата да ја инсталира во згради за да може да се регулира квалитетот и температурата на воздухот  во големите градови.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените