19 Април, 2024
0.8683

Во Македонија има фудбалери кои примаат месечни надоместоци со петцифрени бројки изразени во евра

Објавено во: Економија 11 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Скопски „Вардар“ и тетовска „Шкендија“ се најголемите ривали во македонскиот фудбал. Тие лани не штеделе за плати на своите фудбалери кои важат за најплатените и најдобрите во македонското државно фудбалско првенство. „Вардар“ иако второ пласиран две години по ред бил двојно подарежлив (макар книговодствено) кон своите фудбалери од „Шкендија“. Професионалец – фудбалер во „Вардар“ имал просечна годишна плата од околу 69.000 евра, а првотимец на „Шкендија“ лани има годишна нето плата од 31.450 евра. На месечно ниво: првотимец на „Вардар“ имал 5.700 евра просечно, а играч на „Шкендија“ 2.620 евра

Професионален фудбалер на „Вардар“ лани за своите услуги од најтрофејниот македонски клуб добивал месечна просечна плата од 5.700 евра. Вкупниот буџет за нето плати на „Вардар“ лани изнесуваат 1,37 милиони евра. Тоа значи дека просечна годишна исплатена нето плата по фудбалер изнесува 68.665 евра (за тим од 20 фудбалери н.з.) што е двојно повеќе од исплатената нето плата на фудбалер на „Шкендија“.

„Вардар“ е најдарежлив клуб во Македонија, макар сметководствено. И покрај тоа што фондот за нето плати во „Вардар“ е значајно намален во споредба со 2017 година кога биле исплатени нето 2,55 милиони евра што значи дека годишната нето плата по играч во „Вардар“ била 127.000 евра односно над 10.600 евра месечно.

„Вардар“ во натпреварувачката сезона 2017-2018 го забележа најголемиот успех на македонскиот клубски фудбал на меѓународна сцена затоа што се пласираше во групната фаза на натпреварувањето Лига Европа, второ најсилно европско клупско натпреварување по Лига на шампиони. За тој успех „Вардар“ од УЕФА во 2017 година доби3,65 милиони евра, а лани доби околу 900.000 евра. Од продажба на влезници во 2017 година наплати 283.000 евра за домашните натпревари во Лига Европа, рекорд на приходи од продадени влезници од независноста на Македонија досега.

Како плаќа двократниот шампион „Шкендија“?

Фудбалскиот клуб „Шкендија“ за нето плати на своите дваесетина фудбалери лани одвоил 629.000 евра. Тоа значи просечно по фудбалер годишната нето плата изнесува 31.450 евра односно 2.620 евра месечно. За договори на дело за ангажирање фудбалери клубот лани исплатил уште 187.000 евра. За отпремнини, јубилејни награди и регрес за годишен одмор клубот платил уште 92.000 евра

Вкупно за фудбалерите лани „Шкендија“ платила околу 910.000 евра. Вкупно 35 отсто од сите расходи на „Шкендија“ се за нето исплата на фудбалерите (без ставката платена за даноци). 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји