24 Април, 2024
0.0253

Во Македонија ќе се гради нова пруга во 2020

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Почетокот на изградбата на новата пруга од Бељаковце до Крива Паланка е внесен во бизнис планот за Јавното претпријатие Македонски железници - Инфраструктура за 2020, а неофицијално реализацијата на проектот треба да започне на крајот од годината. 

Дури 615 милиони денари, или 10 милиони евра, се грант од неповратни средства кои треба оваа година да се потрошат за реконструкцијата и изградбата на пругата од Коридорот 8, стои во планот.

Вкупната вредност на градбата и надзорот е проценета на 145 милиони евра, од кои околу половина се грант  Во текот на годината се планира избор на најповолен изведувач, склучување на договор и отпочнување на работите. Во текот на 2020 за градба на оваа делница, покрај неповратните средства од грантот, ќе се потрошат и 10 милиони евра - пари од одобрен кредит од Европската банка за обнова и развој, плус дополнителен заем за надзорот. Процесот на експропријацијата е веќе започнат од лани, а годинава се предвидени 40 милиони денари за обештетување на приватните имоти. Предвидено е активностите на Бељаковце - Крива Паланка да завршат во 2023.

Од Коридорот 8, истовремено се гради делницата Куманово - Бељаковце, која требаше да биде завршена на крајот од минатата година, но ќе продолжи да се довршува како реконструкција и рехабилитација на пругата. Проектот вреди 45 милиони евра, а досега е реализирана изградба од 25 милиони евра. Тука се вклучени замена на старите прагови, подобрување на техничките карактеристики на пругата, изградба на нов мост, подобрување на дренажата, инсталирање на кабелски водови и сигнализација, како и изградба на три железнички станици, подвозници и надвозници. За комплетирање на Коридорот низ Македонија недостига уште делот од Крива Паланка до македонско-бугарскиот премин, а на оваа фаза годинава ќе се реализира само работи од експропријацијата.

Од Скопје преку Куманово до Бељаковце требаше да се движат возови уште во 2016 година, а официјално проблеми со експропријацијата на земјиштето и недостатоци во проектната документација се причините поради кои се уште не е пуштена пругата од првата фаза во употреба.

Оваа година Министерството за транспорт и врски, односно МЖ Инфраструктура, на располагање има 32 милиони евра за инвестиции, од кои поголемиот дел од парите ќе одат за овој важен коридор. Лани потроши само 14 милиони евра за инфраструктурата, а недотрошените пари беа префрлени за оваа година, односно од таму беше кажано дека нема да има никакво кратење на средствата за пругата кон Бугарија.

Изградбата на првата фаза започна во март 2014 година, со ветување дека до Бељаковце ќе се патува со воз во 2016 година. Замислата на целокупниот Коридор се движи Драч - Тирана - Ќафасан - Кичево - Скопје - Крива Паланка - Гуешево - Софија - Пловдив - Стара Загора - Варна.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела