Во Македонија мирно, еве која земја се тресеше ноќеска
Објавено во: Балкан 16 Јули, 2017
Во Македонија ноќеска немало земјотреси ако се погледне извештајот на Европскиот сеизмолошки центар.
Но, повеќе земјотреси ја погодија соседна Грција. Пред еден час имало земјотрес со јачина од 3.7 степени. Пред 3 часа земјотрес од 3.1 степен го стресе Крит, а еден час претходно на Крит имало и земјотрес со јачина од 4.1 степени.
Пред 6 часа е регистриран земјотрес на Крит со јачина од 3.1 степен.
И вчера на истата локација имало повеќе потреси.
Утрово земјотреси имало и во Шпанија, Италија и Турција.