24 Април, 2024
0.0257

Во Македонија може да се пие кубик вода за четири денари

Објавено во: Економија 15 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Водата за пиење од ЈП Водовод Куманово била само 4,33 денари од метар кубен во 2019-та за домаќинствата што ова претпријатие го прави убедливо со најевтини цени минатата година во Македонија  Следни најевтини се услугите на јавните претпријатија на Врапчиште и Желино, кои чинат од 10 до 12,3 денари по метар кубен.

Водата во Куманово дури и бележи најголемо намалување споредбено со 2017-та во висина од 33,89 отсто кај категоријата домаќинства и 37,58 проценти кај категоријата останати корисници. 

„Драстичниот пад на тарифата за водоснабдување на ЈП Водовод Куманово пред се е резултат на намалувањето на тарифата за сурова вода кај АД Водостопанство Подружница Кумановско-Липковско поле, во висина од 49,14 проценти, од каде ЈП Водовод Куманово ги обезбедува потребните количини за вода за пиење“, гласи одговорот на Регулаторна комисија за енергетика во поглед по ова прашање.

Од друга страна, најскапа била водата за пиење во Кочани со цена од 40 денари, а поскапа од 30 денари била во Струмица, Штип, Пробиштип, Берово, Свети Николе и Велес. За една година процентуално најмногу поскапела водата во Ресен и Кичево - за 23,3, односно 14,3 отсто  Кај 18 од 28 локални претпријатија, во 2018 година има зголемување на тарифата за домаќинствата во однос на 2017 година, кај 6 од нив намалување, додека кај 4 нема промена. 

Суровата вода е далеку поевтина и таа седумте јавни претпријатија и подружници ја наплатуваат од 3 до 5,15 денари по метар кубен. Собирањето и одведувањето на урбани води чини од 3 денари кои ги наплатува ЈКП Тетово до 12 денари според тарифата на Исар Штип и Нискоградба Битола. Кај прочистувањето на отпадните води за прв пат минатата година фактурирале шест претпријатија а најскапа цена од 16,5 денари кај домаќинствата наплатува Проаква Струга.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска