28 Март, 2024
0.0259

Во Македонија се увезува неквалитетен мазут од Србија

Безбедносни и еколошки последици е резултатот од користењето гориво со несоодветен состав и низок квалитет.

Објавено во: Мои пари 17 Април, 2018

Добивај вести на Viber

До државниот пазарен инспекторат е пристигната претставка дека се врши увоз на мазут од Србија којшто е неквалитетен и не ги исполнува пазарните стандарди наложени според важечкиот правилник за квалитет на течните горива.

Во спецификација направена од контролното тело, ова гориво отстапува односно ја надминува дозволена максимална вредност на кинетички вискозитет на 100 степени Целзиусови, чија максимална гранична вредност треба да биде 28 mm2/s. Оваа вредност во увезеното гориво е 32,81mm2/s, далеку повисока од пропишаната. Како што дознаваме овој мазут се користи во некои производствени капацитети во земјава.

Безбедносни и еколошки последици е резултатот од користењето гориво со несоодветен состав и низок квалитет. Штети врз опремата каде што се користи и штети врз целосниот производен процес. Дополнително, неговата употреба предизвикува и еколошки импликации, односно согорувањето може да предизвика и загадување на воздухот. Со оглед на строгите стандарди што течните горива мора да ги исполнуваат, еколошките импликации се највисоко на листата на стандарди што треба да се почитуваат.

Подеднаква штета, спорното гориво предизвикува и на пазарот односно другите увозници создавајќи нелојална конкуренција, нарушувајќи го пазарот и предизвикувајќи сериозно финансиски штети врз работата на другите субјекти.

Ова гориво со штетни последици и низок квалитет ги премина царинските служби и покрај спорниот состав.


Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија