23 Мај, 2025
0.0352

ВО МАЛИТЕ ФИРМИ ИМА ПОВЕЌЕ НЕПРИЈАВЕНИ РАБОТНИЦИ – еве во кои сектори има најмногу

Објавено во: Економија 11 Април, 2024 07:33

Добивај вести на Viber

Што ја поттикнува неформалноста на фирмите? Во кои сектори има најмногу неформални работници, но и кој тип на компании, големите или малите имаат повеќе неформални работници. Анализа на „Фајненс тинк“ утврди кои причини поттикнуваат неформалната работа, но и зошто луѓето ја прифаќаат.

- Регулативите и даночните системи кои се рестриктивни и сложени ја поттикнуваат неформалната активност. Зголемените даноци на плати, даноците на добивка и таксите за регистрација ги поттикнуваат фирмите да работат неформално. Слабото спроведување на законите и прописите ги зголемува трошоците за водење бизнис во формалниот сектор и ги охрабрува фирмите да останат неформални. Иако фирмите се подготвени да ги почитуваат сегашните закони и прописи, тие претпочитаат да избегнат произволни и бирократски барања и коруптивно однесување останувајќи неформални. Фирмите би биле принудени да се формализираат доколку се зголемат трошоците за останување неформален – се наведува во истражувањето.

Аналитичарите посочуваат дека построгото спроведување ќе ги истисне фирмите со ниска продуктивност од пазарот и ќе ја подобри распределбата на ресурсите. Меѓутоа, поради повеќекратните обврски кои ги имаат фирмите, неформалноста може да опфати и даночно усогласено и даночно неусогласено однесување.

-  Препознавањето на различните видови неформалност е од најголема важност при подготвувањето мерки за справување со неформалноста поттикната од даночно неусогласено или од даночно усогласено однесување. Фирмите остануваат во неформалниот сектор поради ограничениот пристап до официјалните механизми за извршување на договорите и пазарот на капитал – се укажува во анализата.

Меѓу причините кои ги поттикнуваат работниците да прифатат неформални работни места, се посочува слабото спроведување на прописите за работни односи

-  Честите инспекции ги зголемуваат трошоците на неформалното вработување, туркајќи ги непријавените или недоволно пријавените работници во формалниот сектор. Промените во трговските политики може да предизвикаат влез и излез од неформалноста. Универзалното здравствено осигурување, дарежливите системи за социјално осигурување и осигурување во случај на невработеност може да ја намалат атрактивноста на формалните работни места и да ја обесхрабрат работата во формалниот сектор – се истакнува во истражувањето.

Притоа е нагласено дека треба да се прави разлика меѓу неформалните работници и непријавените. 

-  Во 2022 година, обемот на неформалните работници во Македонија се проценува на 11,8 проценти, што е намалување од 28,6 проценти во 2008 година. Половина од неформалните работници се наоѓаат во земјоделството, потоа во градежништвото и трговијата, а сите заедно сочинуваат повеќе од три четвртини од неформалните работници во Македонија – се нагласува во анализата.

Неформалната работа е доминантна меѓу неплатените семејни работници, од кои 93,5 проценти се неформални. Речиси 60 проценти од нив работат во земјоделството. Повеќето од неформалните работници се концентрирани во мали фирми, кои вработуваат до 10 работници.

Неформалните работници најчесто работат со скратено работно време. Преовладува неформалноста во домаќинствата, земјоделството, градежништвото и трговијата: речиси 80 проценти од оние кои се ангажирани во домот на работодавецот се неформални, а потоа следат околу 60 проценти од оние кои работат на фарми и продаваат на улица.

Непријавената работа е најзастапена и изнесува 29,7 проценти во помалите фирми со помалку од 20 работници. Во фирмите со 20 до 49 работници, учеството на непријавената работа е 18,8 проценти; додека во фирмите со над 50 работници, учеството на непријавената работа е најниско со 13,7 проценти. Ова сугерира дека непријавената работа е поверојатно да се случи во помалите фирми, оние со помалку од 50 работници. Иако е помалку застапена, непријавената работа во поголемите фирми и понатаму е значајна поради значителниот број работници во таа група, што е релевантно за заштита на правата на работниците. Во апсолутни бројки, вкупниот инпут на непријавена работа во помалите фирми изнесува приближно 81 милион часа, во средните фирми е 15,9 милиони часа и, во поголемите фирми, 40 милиони часа.

- Резултатите покажуваат дека 21,1 проценти од вкупниот инпут на работната сила во Македонија е непријавен. Најголемите разлики ги забележуваме во секторите Рударство и вадење камен и Поправка на компјутери и предмети за лична употреба и за домаќинствата, 79,6 проценти и 119,3 проценти, соодветно. Меѓутоа и покрај големите проценти, придонесот на овие сектори во вкупната непријавена работа е многу ограничен поради нивната мала големина (само 1,37 проценти од примерокот на работната сила). Освен тоа, третиот најголем сектор во однос на учеството во вработеноста, Градежништво, има значителни 48,2 проценти од инпутот на непријавената работа, додека Информации и комуникации има само 1,6 проценти – се укажува во анализата.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ ЗАРАБОТИ ПРЕКРШОЧНА КАЗНА ОД 0,87 ОТСТО ОД НИВНИТЕ ЛАНСКИ ПРИХОДИ - КЗК: Свесно давале неточни податоци за забранетиот договор меѓу 4 синџири маркети

СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ ЗАРАБОТИ ПРЕКРШОЧНА КАЗНА ОД 0,87 ОТСТО ОД НИВНИТЕ ЛАНСКИ ПРИХОДИ - КЗК: Свесно давале неточни податоци за забранетиот договор меѓу 4 синџири маркети

И ПОКРАЈ БОЈКОТИТЕ: Цените на храната во Европа и на Балканот се неоправдано високи

И ПОКРАЈ БОЈКОТИТЕ: Цените на храната во Европа и на Балканот се неоправдано високи

НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ТЕЛЕКОМ“ - во Бордот влегува и Сашо Димитријоски, поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации

НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ТЕЛЕКОМ“ - во Бордот влегува и Сашо Димитријоски, поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации

„САУДИСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СЕКТОРИ СО ВИСОК ПРИОРИТЕТ - ПОПОВА ШАПКА КЛУЧЕН ПРОЕКТ“: Дурмиши по средбата со Алсакран од Саудиска Арабија

„САУДИСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СЕКТОРИ СО ВИСОК ПРИОРИТЕТ - ПОПОВА ШАПКА КЛУЧЕН ПРОЕКТ“: Дурмиши по средбата со Алсакран од Саудиска Арабија

ПЕНЗИОНЕРИТЕ НЕ БИ РАБОТЕЛЕ АКО НЕ МОРААТ: „Кој би ангажирал стар човек, кој не се разбира во технологија?“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ НЕ БИ РАБОТЕЛЕ АКО НЕ МОРААТ: „Кој би ангажирал стар човек, кој не се разбира во технологија?“

СЕМЕЈСТВАТА СЕПАК ТРЕБА ДА ИМААТ КЕШ: Централната банка на Холандија oбјасни колку пари треба да чуваат под перница

СЕМЕЈСТВАТА СЕПАК ТРЕБА ДА ИМААТ КЕШ: Централната банка на Холандија oбјасни колку пари треба да чуваат под перница

СВЕТОТ Е ВАША КАНЦЕЛАРИЈА: Ова се најбараните професии што можете да ги работите од која било локација

СВЕТОТ Е ВАША КАНЦЕЛАРИЈА: Ова се најбараните професии што можете да ги работите од која било локација

РУСИЈА ТРИ ГОДИНИ Е ВО ВОЈНА: Kако им успеа да имаат ниска стапка на невработеност?

РУСИЈА ТРИ ГОДИНИ Е ВО ВОЈНА: Kако им успеа да имаат ниска стапка на невработеност?

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА: За колку е зголемена во однос на лани?

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА: За колку е зголемена во однос на лани?