ВО МАРТ ПРИСТИГНУВААТ АВСТРАЛИСКИ СПОРТИСТИ-ЌЕ ПОКАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ ПОДОБРИ ОД АВСТРАЛИСКАТА ВЛАДА: Вучиќ изјавата ја даде и на англиски јазик
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2022
И претседателот
на Србија, Александар Вучиќ, со свој коментар по пресудата на австралискиот
суд, одлука по која Новак Џоковиќ ќе биде депортиран од земјата и нема да ја брани
титулата на Австралија опен. Рече дека веќе разговарал со Новак и дека го
охрабрил да се врати во својата земја каде што секогаш е добредојден.
-Пред малку разговарав со Новак, го охрабрив и му кажав дека едвај чекам да дојде во Србија и да се врати во својата земја и да биде таму каде што е секогаш добредојден. Го малтретираа 11 дена и по 11 дена му изрекоа пресуда која ја донеле првиот ден...Видовте во најбесмислениот судски процес колку лаже обвинителот. Едноставно лажат. Велат дека помалку од 50 отсто од има вакцинирани граѓани во Србија, а официјално се 58 отсто. Запомнете дека ова е повеќе отколку во многу земји на ЕУ. Тоа беше бесмислен аргумент, но тоа е можно во драмите на Орвел.
Во неговата изјава посочи и дека наскоро во Србија ќе дојдат спортисти од Австралија.
- Австралиските спортисти ќе ги пречекаме на многу подобар начин во март и нема да живееме од нив заради изборите. Тие доаѓаат на шампионатот во атлетика, а ние ќе покажеме дека сме подобри од австралиската влада и благодарам на австралискиот народ, кој сигурен сум дека ги сака Србите. Мислат дека го понижиле Ѓоковиќ, но се понижиле себеси, а тој може да се врати во својата земја и да ги гледа сите во очи со крената глава.
Вучиќ изјавата ја повтории на англиски јазик, на барање на новинарите, за да можат и странските медиуми да ја пренесат неговата порака.