Во Мурманск претставена првата пловечка нуклеарна централа
Објавено во: Свет 19 Мај, 2018
Русија денес ја претстави првата пловечка нуклеарна централа во светот со свечено укотвување во Мурманск. Проектот би требало да ја задоволи потребата од електрична енергија во оддалечените и изолирани области, но ги загрижува еколошките организации.
Изграден во Санкт Петербург, „Академик Ломоносов“ денеска се закотви во пристаништето во Мурманск и беше претставен пред новинарите. Тука, треба да се наполни со нуклеарно гориво, пред да стигне до крајната дестинација, далечните региони во источниот дел на Сибир.
Изграден од страна на рускиот државен конгломерат „Росато“, овој пловечки блок долг 144 и широк 30 метри, располага со два реактори со капацитет од по 35 MW, слични со оние кои ги користат бродовите за кршење на мраз.
Во текот на следното лето, пловечкта нуклеарна централа ќе се упати од Мурманск во Арктичкото Море со цел да ја снабди со струја и топлина руската база, а ќе врши и дестилација на морската вода.
Електраната може да ги задоволи потребите за електрична енергија на речиси 200.000 луѓе. Нејзината крајна дестинација е пристаништето Певек во Сибир, 350 километри северно од Арктичкиот круг.
Пловечка нуклеарна централа со елктрична енергија ќе ги снабдува нафтените платформи во таа зона, но и малубројното тамошно население.