29 Март, 2024
0.0305

Во недела на кејот на Вардар ќе се трча за поддршка на заболените од Вилсон

Објавено во: Мои пари 19 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Во недела, на 21ви октомври, на кејот на Вардар кај мостот кај луна паркот, со почеток во 11.30 часот, ќе се одржи хуманитарна штафетна трка Подај рака 2018 за поддршка на заболените од ретката болест Вилсон. Собраните средства од котизацијата, оваа година ќе бидат искористени за запознавање на матичните лекари со можните симптоми и начините за рано детектирање на болеста, што ќе се спроведе со карван низ повеќе градови.

Трката, која се одржува по четврти пат, е во организација на Здружението на граѓани за поддршка на лица со оваа ретка болест - Вилсон Македонија, а со финансиска помош од компанијата ОКТА. Од Здружението Вилсон Македонија велат дека раната детекција е суштинска во третирањето на болеста и во обезбедување нормален живот за пациентите.

Во трката ќе учествуваат и лица заболени од Вилсон и од други ретки болести со што симболично ќе се покаже дека кога дијагностиката и терапијата се навремено аплицирани, со најголемиот број ретки болести, може да се живее нормален живот, рамноправен со сите луѓе.

„Со овој настан сакаме да им дадеме поддршка и на сите лица кај кои најчесто, како последица на ненавремена детекција, ретките болести оставиле непоправливи последици, како и да им оддадеме почит на оние кои прерано го изгубиле својот живот борејќи се со нив“, велат од Вилсон Македонија.

Трката како и досега ќе биде штафетна и ќе се трчаат четири пати по еден километар, а ќе има и детска трка бидејќи е многу важно најмладите да се запознаат и од мали да даваат поддршка на лица кои се соочуваат со ретки болести, паралелно развивајќи ја својата хуманост. Котизацијата за учество во трката е симболична и изнесува 150 денари. Заинтересираните кои не се во можност да трчаат, а сакаат да дадат поддршка може да изберат индивидуален пакет Маица + Активна поддршка по цена од 150 денари. Повеќе информации и пријавување за годинешнава трка Подај рака се достапни на следниов линк https://www.smartrace.club/

Болеста Вилсон предизвикува нарушување во метаболизмот што доведува до таложење на бакар во црниот дроб, мозокот и очите, процес кој се одвива постепено, со години, пред појавата на првите симптоми.


Можеби ќе ве интересира

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца