ВО НЕКОЛКУ ГРАДОВИ ВО ГЕРМАНИЈА ВАКЦИНАЦИЈАТА ЗАПРЕ - се посомневале дали е добро ладењето
Објавено во: Свет 27 Декември, 2020
Во неколку градови во Баварија, во Германија, спроведувањето на кампањата за вакцинација против коронавирусот беше одложено, бидејќи медицинскиот персонал открил потенцијални неправилности во процесот на ладење на вакцината, што ја произвеле компаниите Фајзер и Бионтек.
Читајќи ги евиденциите за податоците за температурата, кои се наоѓаат во фрижидерите, постоеја сомнежи во однос на усогласеноста со барањата на системот за ладење – објавено е од областа на канцеларијата на Лифтенфелс од северот на Баварија.
„При читање на записите за температура кои беа во ладните контејнери, се појавија сомнежи за усогласеност со барањата за ладен синџир на чувањето на вакцините“, се вели во соопштението на Окружната канцеларија на Лихтенфелс, на северот од најголемата покраина Баварија во Германија.
Вакцината на „Фајзер“, која користи нова т.н. мРНК технологија, мора да се чува на ултраниски температури од околу -70 степени Целзиусови за да остане ефикасна пред да биде испратена до дистрибутивните центри.
Покрај Лихтенфелс, северните баварски градови Кобург, Кронах, Кулмбах, Хоф, Бајројт и Вунсиедел исто така не вакцинираа откако се појави неизвесноста дали е задржан ладниот синџир.