(ВИДЕО) Во несреќата која предизвика пожар во болница во Египет, загинаа 19 лица
Објавено во: Свет 05 Август, 2019
Во верижна сообраќајна незгода и експлозија што предизвика пожар во
најголемата египетска болница за онколоија загинаа 19 лица, соопштија
властите.
Египетското Министерство за здравство соопшти дека 30 лица се повредени во несреќата во Каиро, додека Министерството за внатрешни работи соопшти дека едно возило се судрило со уште три автомобили пред болницата.
Сударот бил проследен со експлозија што предизвикал пожар во делот на болницата , која веднаш била евакуирана. Пожарот по брзата интервенција на пожарникарите бил бргу локализиран.
Нема жртви или медицински персонал меѓу жртвите, пишуваат медиумите од регионот.
Засега не е познато зошто се случила експлозијата.
Сообраќајните несреќи се вообичаени во Египет, а според статистиката, околу 8000 несреќи се случуваат на годишно ниво, при што околу 3.000 лица се жртви на несреќите, а околу 12.000 се повредени годишно.
Nineteen dead as car crash causes huge explosion outside Cairo hospital https://t.co/b2rS9qdX9C
— Christopher True (@truealerts) August 5, 2019
Nineteen dead in Cairo car explosion, officials say. More here: https://t.co/pNKJABrZSi pic.twitter.com/owlDTpZpZo
— Reuters Top News (@Reuters) August 5, 2019
Видео и Фото EFE in English и Твитер