ВО ЊУЈОРК ВИСТИНСКА ДРАМА КАКО НА ФИЛМ - дел од автобус виси на надвозник, има и повредени
Објавено во: Свет 15 Јануари, 2021
Најмалку седум лица беа повредени во Њујорк кога автобусот слета на надвозникот во Бронкс.
Според полицијата, сите патници на автобусот биле повредени и биле пренесени во болницата, пренесува британски Гардијан.
Службите за итни случаи ја затворија областа поради инцидентот.
Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека зглобниот автобус се разделил и дека неговиот преден дел паднал од надвозникот, а другиот дел останал на надвозникот.
Извор и фото Курир.рс