20 Април, 2024
0.0297

Во Ноември 2017 ќе се одржи шестото издание на „Самит Македонија 2025“

Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

На 1-ви и 2-ри ноември, Скопје по шести пат ќе биде домаќин на „Самит Македонија 2025“ кој ќе се одржи во Хотел Мериот. Самитот претставува водечка регионална платформа за споделување на последните светски трендови во бизнисот, инвестициите, технолошките иновации и одговорното лидерство. 

Очекуваме повеќе од 30 исклучителни говорници, а дел од оние кои го потврдија учеството се: Ноа Горски, Менаџер за односи со клиенти во Фејсбук; Вук Јеремич,  Поранешен српски министер за надворешни работи; Ацо Момчиловиќ од хрватската Римац Автомобили, производител на најбрзите електрични автомобили во светот; Рубен Вардањан, влијателен руски претприемач, кој преку „Ерменија 2020“ реализира значителни социјални инвестиции во родната Ерменија; Тјаша Фицко, Заменик-градоначалник на Љубљана, која го предводи проектот со кој Љубљана стана главен „зелен“ град на Европа и многу други. 

Очекуваме интересни дебати кои ќе ги разработат најдобрите практики на економски успешните мали земји, примери за успешно и инспиративно лидерство, технологии на идното време, значењето на медиумите и телекомуникациската индустрија, улогата на социјалните медиуми и платформи, развој на Македонија во регионален центар за паметни технологии, значењето на странските инвестции за земји како нашата, како и примери за „паметни“ технологии и обновливи извори на енергија.

Самитот е уникатна прилика за поврзување и развивање на соработка со повеќе од 300 гости, вклучувајќи и дипломати, извршни директори, претприемачи, членови на академијата, како и бизнис професионалци од дијаспората. 

Регистрацијата е отворена и овозможува специјални пакети за рана регистрација до 1-ви септември, како и поволности за мали и средни компании.

Повеќе информации на www.mk2025summit.com.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга