Во новата работна недела ќе имаме температури над 30 степени
Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2021
Разубавување на времето се очекува од вторник.
До понеделник во попладневните часови времето ќе биде нестабилно, а локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Од вторник ќе имаме стабилизирање на времето со дневни температури кои насекаде ќе се искачат над 30 степени.
Вчера имаше врнежи од дожд во повеќе краеви во земјава.