27 Септември, 2024
0.0271

ВО ОБИД ДА ШВЕРЦУВА ПАТИКИ И ТРЕНЕРКИ, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА: Полицијата го фатила, го спасила, па го уапсила

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Косовската полиција објави дека во саботата вечерта спречила шверц на стока – обувки и облека - од Косово во Северна Македонија, во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ/Блаце меѓу двете држави, при што уапсила македонски државјанин кој се судрил со возилото со кое ја превезувал стоката низ нелеган пат, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во вчерашното соопштение на полицијата се наведува дека прексиниќа околу 20 часот, во атарот на село Сеќиште кај Генерал Јанковиќ, е забележано сомнително возило како се обидува да ја премине граничната линија и веднаш се преземени дејствија за негово сопирање.

Возачот на возилото, со иницијали З.А., македонски државјанин од албанска националнот, на возраст од околу 40 години, откако увидел дека бил забележан од патроли на граничната полиција, при обид да побегне во правец на територијата на Македонија, предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета.

Полицијата го извлекла возилото со македонски регистарски таблички и при контрола на истото во него нашла 120 пара обувки (патики) и 260 парчиња облека (дуксери и тренерки).

„Се сомнева дека намерата била стоката да се прокриумчари од територијата на Република Косово на територијата на Република Северна Македонија преку планински патишта. Во врска со случајот преземени се сите дејствија во соработка со државен обвинител, при што по негова наредба на осомничениот му е одреден притвор во траење од 48 часа, додека шверцуваната стока и возилото се одземени и испратени на царински термин за понатамошна законска процедура“, се наведува во соопштението на полицијата.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања