ВО ОБИД ДА СПАСИ ЕКИПА НА ЕВН: Велешанец исчезна во Вардар
Објавено во: Македонија 07 Август, 2020
Велешанец исчезна во водите на реката Вардар при обид да спаси екипа на ЕВН.
Полицијата трага по исчезнатo лице кое вчера во велешкото село Белештевица надојдена вода го однела кон реката Вардар, додека се обидувал да спаси екипа на ЕВН.
На место викано Лавчани, човекот се обидел со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект. Од надојдената вода човекот и возилото на ЕВН биле однесени кон реката Вардар.
При пребарување на околината од полициски службеници од СВР Велес и локалното население, возилото на ЕВН е пронајдено, додека по човекот сѐ уште се трага.