Во ОН загрижени за Македонија - повикуваат на мир и воздржаност
Објавено во: Македонија 28 Април, 2017
Од Организацијата на Обединетите нации информираат дека со исклучителна загриженост го следат развојот на ситуацијата во Македонија и воедно повикаа на мир и воздржаност.
„Насилството насочено кон демократските институции и избраните претставници на народот е неприфатливо“- стои во соопштението потпишано од портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик.
Соопштението е објавено на интернет страницата на Светската организација. Во него се повикуваат сите политички сили, преку демократски средства, да ги разрешат меѓусебните несогласувања, согласно со Уставот, а со цел без одложување да се надмине политичката блокада.