Во оваа балканска земја се регистрирани 930 земјотреси за еден месец
Објавено во: Балкан 10 Август, 2018
По првиот потрес на 4 јули со јачина од 5,1 степен според Рихтер, во Албанија продолжува сеизмичната активност.
Последниот 930-ти по ред е регистриран вчера со јачина од 3,8 степени и со епицентар на Кепи и Родонит, на Јадранско Море,кај Драч.
Најпогодена е областа на Драч, како и централниот дел на земјата. Земјотресите предизвикаа помала материјална штета и вознемиреност кај граѓаните.
Според сеизмолозите од албанскиот Институт продолжувањето на земјотресите е нормална работа, бидејќи по секој поголем потрес следуваат низа помали,се додека тлото целосно не се смири.
Дел од појаките земјотреси беа почувствувани и во западниот дел на Македонија,посебно во подрачјето на Дебар.