Во оваа мала земја 20.000 луѓе денеска можат да останат без куќи
Објавено во: Балкан 16 Јули, 2018
Сопствениците на 20.000 куќи и викендици во Црна Гора, кои се државјани на Србија денеска ако не предадат документи за легализација можат да останат без имот.
Ако барање се поднесе надвор од рокот, општината ќе стави хипотека и тоа ќе биде гаранција дека ќе бидат платени комуналиите.
Но, на удар не се само Србите, туку вкупно 100.000 граѓани.
Од ова Владата на Црна Гора ќе добие прилив од 40 милиони евра.
Поднесени се 30.165 барања, а според законот во земјата бесправното градење е кривично дело за кое следи казна затвор од 6 месеци до 5 години.