27 Септември, 2024
0.0871

ВО ОВАА ПАПКА СЕ ПРИЧИНИТЕ ПОРАДИ КОИ НЕ МОЖЕ ДА ДОБИЕ НАТО СЕРТИФИКАТ - продолжуваат препукувањата меѓу Петровска и Ковачки

Објавено во: Македонија 31 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Товарот на неговото минато, кој што длабоко го боли и за кој не може да добие НАТО сертификат е во втората папка. Тоа што правел во минатото е негова одлука и за тоа треба да ги сноси последиците, ова го истакна Славјанка Петровска, министерка за одбрана денеска како одговор на досегашните критики од поранешниот полковник на АРМ, сегашен паретник во Собранието од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Препукувањата меѓу нив продолжуваат и денеска. 

- Се што Ковачки досга изнесе е невистина, можеби имам оправдување за нападите врз мене, но не можам да најдам објаснување и оправдување за нападите на неговите поранешни колеги припадниците на Армијата кои одбрале да ја задржат униформата и да работат за интерсите на државата кажа Петровска на денешната конференција одговрајаќи на новинарско прашање и посочи дека поднела тужба, за чиј процес ќе бара отвореност за јавноста.

- Како министерка за одбрана имам морална и секаква обврска да се спротиставам на се што беше кажано од него. Да ги обвините вашите поранешни колеги дека крадат, дека биле уапсени, дека нанесуваат штета на угледот на држават, од денес натаму немам намера да одговорам на ниедно негово прашање, затоа што не заслужува внимание. 

Тој се плаши од овие две папки. Во едната се доказите со кои ги побивам сите негови тврдења дека кријам имот. Ова е составен дел од тужбата што ја поднесов против него, како што впрочем и ветив на македонската јавност. Се разбира, ќе барам тој судски процес да биде отворен за јавноста за да можете сите вие да видите што се случува.

Во оваа папка се крие товарот на неговото минато, кој што длабоко го боли и за кој не може да добие НАТО сертификат. Јас не сум дел од неговото минато, тоа што тој го правел е негова одлука и за тоа треба да си ги сноси последиците. За жал оваа папка е класифицирана, но еве го поттикнувам, нека каже сам - изјави Петровска.

Драган Ковачки е поранешен полковник од АРМ, а од неодамна пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ. 

Секако, тој не и остана „должен“ на министерката, па на својот Фејсбук профил одговори со поширок став. 

Меѓу другото истакнува дека министерката како претставник на народот не може да си ја приватизира титулата, ниту да ја пероснализира, и дека не може туку така да се налути и да не одговара на прашања. Воедно додава таа да ги објави сите наоди што ги има во папката, потенцирајќи дека истата е сигурно празна. 

Во нашиот политички систем Министрите одговараат пред Собранието. Каков е тој однос да се ставате над Собранието и да кажувате дека нема да одговарате на прашања? Што сте Вие за да бидете над Собранието и граѓаните?

Така ли ја разбирате политичката борба, демек ќе се налутите и нема да одговарате? Министерке Славјанка Петровска, Вашата функција е јавна, а не лична.

Не може да си ја персонализирате функцијата, од причини што Вие земате плата од граѓаните, а јас прашувам во име на граѓаните кои ме изгласале.

Понатаму, на истото нарачано прашање, сте мавтале со две папки демек сум имал некаков страв.

Еве уште еднаш Ве повикувам, објавете СЕ, ама буквално СЕ што имате. Јавно за да види цела македонска јавност што е тоа “јако” што го имате во врска со моето минато во АРМ.

Знам дека нема да објавите ништо затоа што тие папки се празни.

Изгубена сте во време и простор и напаѓате со некакви “досиеја” што ги водите и измислувате во Министерство за одбрана против лица кои не мислат како Вас.

Кажете и’ на јавноста дали имате наредено ваши вработени од МО да следат и документираат народни избраници-пратеници и зошто? - напишал Ковачки. 


Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?