Во оваа земја ги уценуваат странските работници
Објавено во: Економија 13 Март, 2019
Советувалиште за работници информираше дека одредени словенечки фирми ги уценуваат странските работници.
Според Советувалиштето од работниците од странство најчесто се бара тие да ги надоместат трошоците за добивање на работна дозвола, доколку го раскинат договорот за работа пред време.
Горан Лукиќ и Горан Зрниќ од Советувалиштето за работници именуваат две компании кои поставиле такви барања – градежната компанија „ЦПГ ВГ“ и фирмата „Силико“.
Ако работникот ја напушти работата за помалку од три години мора да плати 1.500 евра за тие трошоци.
Работодавецот ги покрива трошоците за добивање на работната дозвола за работниците и трошоците за национална професионална квалификација.
Слично на тоа, „Силико“ склучува посебен договор со своите работници во кој се наведува дека компанијата плаќа 500 евра за добивање на работна виза. Но, ако работникот го напушти работното место, тогаш тој треба да ги надомести тие 500 евра и другите евентуални трошоци.
фото Википедија