Во оваа земја намален бројот на туристи
Објавено во: Свет 13 Август, 2017
Се намалува бројот на туристи во САД.
Бројот на туристите во САД е намален за прв пат од 2009 година, како и нивните трошоци, објави американското Министерство за трговија, прнесува Франс прес.
Лани туристите биле за 2% помалку во однос на претходната година, а потрошените пари од нивна страна бележат намалување од 1% на 245 милијарди долари.
За 2017 година, сепак прелиминарните податоци на Министерството посочуваат зголемување на бројот на туристите.
Најмногу туристи во 2016 година пристигнале од Канада (19,3 милиони), од Мексико (18,7 милиони), од Велика Британија (4,6 милиони), од Јапонија (3,6 милиони), од Кина (3 милиони), од Германија (2 милиони) и од Јужна Кореја (2 милиони).
За минатата година најмногу пари потрошиле Кинезите (33 милијарди долари), потоа Мексиканците (20,2 милијарди долари), Индијците (13,6 милијарди долари) и Јужнокорејците (8,6 милијарди долари).
Туристичката индустрија на САД, во која се вработени 7,6 милиони луѓе, сочинува 2,7% од БДП.