19 Април, 2024
0.0362

Во оваа земја не се раѓаат деца со Даунов синдром

Објавено во: Свет 25 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Исланд е на работ да стане првата земја во која деца со Даунов синдром нема да се раѓаат.

Кратко по 2000 година, северната држава воведе пренатални тестови, а речиси сите жени кои добиле позитивен резултат ја прекинале бременоста. Иако тестовите не се задолжителни, сите мајки се информирани за можноста, а 85% од нив ги прават.

Ова е таканаречен комбиниран тест, кој вклучува ултразвук и крвни и тестови, земајќи ја предвид возраста на мајката. 

Резултатите покажуваат дали плодот има хромозомска абнормалност, што најчесто значи Даунов синдром.

Според исландското законодавство, анализи по 16-та недела од бременоста се дозволени ако плодот има аномалии, а Даунов синдром спаѓа во оваа категорија. Во принцип, на годишно ниво со Даунов синдром во Исланд, не се раѓаат повеќе од 1-2 бебиња. Понекогаш ова се должи на неточен тест.

"Децата со Даунов синдром се уште се раѓаат во нашата земја. Некои од нив се со низок ризик во скрининг тестовите и поради тоа не биле откриени навреме ", вели Хулга Хјартардоти, експерт за пренатална дијагностика.

Психологот Хелга Сол Олафсдотир ги советува жените кои планираат да ја запрат својата бременост, пишува Независни.

"Ова е вашиот живот и имате право да одлучите како ќе изгледа тој", вели таа за идните мајки. "Ние не го сметаме абортусот како убиство. Ние го гледаме како прекин на животот кој ќе има многу компликации, со што ќе се спречи страдањето и на детето и на семејството. Мислам дека ова е поправилно од теоријата на убиство. Животот не е црно-бел, обично е сив", додава таа.

Стигмата и неинформираноста – заблуда за креирање на јавната свест!

Дауновиот синдром, велат лекарите, е генетско пореметување и се јавува во просек кај секое 800-то новороденче. Тоа е еден од најчестите причинители за благ до среден заостанат развој на самото дете и неговите интелектуални способности. Иако современата медицина оди со забрзан чекор напред,  сèуште за Дауновиот синдром многу работи остануваат непознати или во кругот на семејствата во кои има вакви деца. 

Родителите се тие кои треба да направат проактивни чекори, да побараат рана интервенција, терапии за говор, развој и окупација на детето за да го направат неговиот живот полесен. Иако пореметувањето е опфатено со многу пречки и предизвици, лекарите потенцираат дека таа состојба не смее да придонесе детето да има лош квалитет на живот, туку заслужува да му се обезбеди шанса за среќна иднина. Родителите според нив мораат да бидат стрпливи,  да ги охрабруваат, сакаат и подржуваат овиде деца, бидејќи мора и да помогнат да го насочат  целиот потенцијал во подобар и поквалитетен живот.

Институционалните аномалии ги дискриминираат лицата со Даунов синдром! 

Во Македонија е евидентно дека имаме солидна законска регулатива и ратификувана Конвенција за заштита на  правата на лицата со хендикеп, стратегија и акциски планови кои во континуитет ја подобруваат положбата на овие наши граѓани.  Но, исто така мора да ја апострофираме и фактичката состојба - дека сèуште сме далеку од вистинскиот и адекватен третман на лицата со хендикеп,  особено во перцепцијата на истите како граѓани кои имаат Уставно право на еднаков третман и еднакви можности, велат упатени во оваа проблематика.

Можеби ќе ве интересира

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија