Во оваа земја се измерени 50 степени
Објавено во: Свет 18 Јули, 2019
Во Израел температурите достигнаа рекордно ниво и регистрирана е највисока некогаш измерена температура во земјата.
Температурата во Содом, во близина на Мртвото Море, во средата изнесувала речиси 50 степени Целзиусови.
Ова го потврди израелскиот метеоролошки завод.
На неколку локации во земјата денеска имало пожари. Неколку луѓе се полесно повредени и евакуирани се околу 200 куќи.
Претходно, топол бран имаше во Европа, каде беа измерени 46 степени. Имаше и неколку смртни случаи во екот на топлото време.