25 Април, 2024
0.0280

Во овие држави без проблем се патува со автостоп

Објавено во: Стил 23 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Со доаѓање на пролетта сé повеќе добиваме мотивација и желба да прошетаме некаде, макар на недела дена. Но често, токму поради финансиски недостаток, спречени сме да ги реализираме сопствените барања, па сме препуштени на безделничења додека во мислите шпартаме по светот. 

drzavi kade najlesno moze da patuvate so avtostop 5

Во случај ако си подготвен да се соочиш со непознати сегменти во животот и воедно сакаш да стекнеш нови искуства, тогаш автостоп патувањето е вистински избор за тебе. Многумина ќе прашаат дали е ризично? Ама што е сега безбедно во овој свет? Да ги ставиме настрана сите параноични мисли и да се фокусираме на државите кои најпријателски се расположени спрема автостоперите.

Од моето досегашно искуство Германија е земја каде многу лесно можеш да се движиш со автостоп и дневно да поминуваш по неколку стотина километри. Секако дека е забрането да стопираш на нивните автопати – autobahn, но патиштата што се приклучуваат на нив или бензински пумпи се идеални постројки кои за релативно кратко време ќе те спроведат на седиште од некој автомобил.

drzavi kade najlesno moze da patuvate so avtostop 1

Холандија исто така е држава со поволна клима за автостоперите, кога на картон ќе напишете liftershalte или liftplaats шансите дека некој ќе ве качи ви се зголемуваат. Во секој случај сите сме запознаени со темпото на Холандија, па баш поради тоа не треба да се засегате со ништо, туку да се препуштите на себеси и да уживате во патувањето.

Не знам поради која причина, но во Полска секогаш налетувам на по неколку автостопери дневно. Мислам дека таму се и најбројни. Еднаш стоевме четворица на исто место, и после половина час секој си најде превозник. Овој факт кажува многу за Полска.

drzavi kade najlesno moze da patuvate so avtostop 3

За Данска велат дека слабо функционира автостоперството, но од моја гледна точна не е точно. Барем јас додека престојував во Данска месец и половина речиси на секои два-три дена се движев од едно до друго место и тоа без никаков проблем.

Така што ќе си дадам за право да кажам дека Данска, а претпоставувам и останатите држави од Скандинавија ќе ви обезбедат незаборавни доживуваања.

drzavi kade najlesno moze da patuvate so avtostop 4

На крај, ако мора да кажам и држава каде што стопирањето ужасно функционира дефинитивно би ја издвоил Шпанија. Знам дека многумина ќе се разочараат, но таму никој за жива глава не сака да те качи во автомобил.

Ако не сакате да бидете заглавени во пустелија со часови, подобро фатете си некои евтини автобуски линии.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган