Во петок ќе биде објавена поканата за НАТО
Објавено во: Свет 27 Јуни, 2018
Премиерот Зоран Заев во петок наутро ќе има средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најави тој од семинарот Рос Рот што се одржува во Собрание.
По средбата предвидена е заедничка прес конференција на која тој очекува дека ќе биде објавено дека Македонија ќе добие покана за полноправно членство во НАТО на самитот.
Заев рече дека очекува сите земји членки на НАТО да го ратификуваат договорот за членство на Македонија.