25 Февруари, 2024
0.0239

Во петок традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол!

Објавено во: Мои пари 30 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Под слоганот Winter Wonders, вашиот креативен мол, Ви подготви програма која е чудесна за сите генерации.

Овој петок во 18:30 часот единствена и уникатна можност ќе имаат посетителите на Скопје Сити Мол да видат како изгледаосветлување на светилките од џиновскатаНовогодишната елка на омилениот трговски центар.

Шоуто ќе започне со мјузикл изведен од групата Триангл, посетителите уживаа во празничната магија и атмосфера која се создава.

Елката која е единствена по својата убавина е висока 15 метри, накитена е со голем број на лампиони и светилки. Секоја посетител може да ја погледне на влезот  од страната на Карпош 3.

Овој период од годината сите ја чувствуваме еуфоријата на Новата година и божиќните празници и се радуваме на магијата на светилките и украсите.

Скопје Сити Мол нуди една волшебна атмосфера за сите посетители кои ќе уживаат во пазарењето кое во овој месец е најактуелно, и ја заокружи успешната година со уште еден во низата настани. Од овој викенд започна „ Winter Wonders “ –која ќе трае од 1ви декември до 31 декември и ќе биде сочинета од интересни забавни, анимациски и музички содржини за сите возрасти, богата програма за деца, креативни работилници и претстави надополено со омилените Новогодишни попусти.

Една од најбараните атракции се 6те поставки со дигитални екрани, каде најмалите може да влезат во светот на виртуелната реалност, да цртаат цртежи кои ќе ги оживеат на екранот и да доживеат многу други незаменливи и магични искуства. 

Оваа година, Скопје Сити Мол повторно застанува и на страната на социјално загрозените, па така, сите средства од картите за претставите на City Theatre одат во хуманитарни цели. Се работи за новогодишни претстави, секоја недела во 11.45 часот, кои се одржуваат во салите на Cineplexx.

Забавата за деца не завршува тука, бидејќи за време на викендот во 11:00 часот Дедо Мраз доаѓа во фоајето на Cineplexx за заедно да појадува со дечињата. Доживување кое се раскажува со месеци! Најмалите ги очекуваат и разни работилници секоја сабота во 12:00часот и останати организирани активности кои ќе го доближат празничниот дух до целото семејство.

За возрасните тука се забавните матинеа во молот, исполнети со музички настапи на фантастични домашни изведувачи, но се разбира и продавниците во кои се започнати дел од празничните намалувања и понуди. 

Следете ја редовно програмата за овој декември на социјалните мрежи фејсбук и инстаграм на Skopje City Mall. 

Уживајте во деновите кои следат.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Хотел „Фламинго“ казино - Гевгелија по четврти пат домаќин на крводарителска акција

Хотел „Фламинго“ казино - Гевгелија по четврти пат домаќин на крводарителска акција

ЗАПРЕТЕ ГО ПРОЦЕСОТ НА СТАРЕЕЊЕ НА ВАШАТА КОЖА И ТЕЛО

ЗАПРЕТЕ ГО ПРОЦЕСОТ НА СТАРЕЕЊЕ НА ВАШАТА КОЖА И ТЕЛО

„Литература.мк“ и „Џез ФМ“ радио носат нов, автентичен и оригинален музички концепт на урбаната сцена

„Литература.мк“ и „Џез ФМ“ радио носат нов, автентичен и оригинален музички концепт на урбаната сцена

Со поддршка од Клиника Жан Митрев се одржа вториот симпозиум на Друштвото на кардиолошки сестри

Со поддршка од Клиника Жан Митрев се одржа вториот симпозиум на Друштвото на кардиолошки сестри

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за изминатата година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за изминатата година

Македонски Телеком со позитивни резултати, раст и лидерство во 2023 година

Македонски Телеком со позитивни резултати, раст и лидерство во 2023 година

Samsung ја најавува новата и подобрена фитнес нараквица Samsung Galaxy Fit3

Samsung ја најавува новата и подобрена фитнес нараквица Samsung Galaxy Fit3

Каратистите на „Макпетрол“ ќе се натпреваруваат на Балканското првенство во Подгорица

Каратистите на „Макпетрол“ ќе се натпреваруваат на Балканското првенство во Подгорица

Кожувчанка договори соработка со Кошаркарската Федерација на Северна Македонија

Кожувчанка договори соработка со Кошаркарската Федерација на Северна Македонија