Во Подгорица спречен бомбашки напад
Објавено во: Балкан 17 Октомври, 2018
Полицијата информираше дека спречила бомбашки напад во Подгорица, при што уапсила три лица под сомнеж дека „се подготвувале да извршат тешко кривично дело со употреба на бомба“.
Врз основа на оперативни сознанија, полицијата извршила претрес на возило со кое патувале две лица од Подгорица, на возраст од 36 и 38 години, при што во него е пронајдена рачна бомба М-75.
„Криминалистичката истрага упатува на сомнеж дека овие лица имале намера да ја употребат бомбата за извршување на тешко кривично дело во една населба на подрачјето на Подгорица, што е спречено со брзата реакција на полицијата“- стои во полициското соопштение.
Двајцата осомничени во текот на сослушувањето признале дека бомбата ја набавиле од 35-годишен маж од градот Плужине, кој подоцна е приведен.
Против трите лица е покренато обвинение за „недозволено држење на оружје и експлозивни матријали“, по што им е одредена мерка притвор.