20 Април, 2024
0.0259

Во Појасот Газа убиени над 37 Палестинци

Објавено во: Свет 14 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Најмалку 37 Палестинци се убиени од израелските сили при на денешните судири долж границата во Газа, што претставува најголем број жртви во еден ден од почетокот на последниот бран протести кои започнаа пред повеќе од шест недели. 

Информацијата ја објави палестинското Министерство за здравство.

Демонстрациите почнаа неколку часа пред да почне официјалното отворање на новата американска амбасада во Ерусалим, која ќе биде преместена од Тел Авив.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека повеќе од 1.600 лица се повредени и дека голем дел од загинатите засега не се идентификувани, јави Си-Ен-Ен. Медиумите известуваат дека се слуша рафално огнено оружје, а очевидци соопштуваат дека израелски тенк се движел кон оградата во пограничната област Малака. Повредени има и откако израелски беспилотни летала испуштиле солзавец над толпата демонстранти.

Израелските сили за одбрана (ИДФ) денеска објавија соопштение во кое ја обвинуваат палестинската милитантна група Хамас, која ја контролира Газа, дека „предводи терористичка операција” и ги поттикнува демонстрантите на, како што тврди Израел, „терористички напади“.

ИДФ проценува дека околу 35.000 луѓе, оценети како „насилни бунтовници” се собрале на 12 различни локации долж граничната ограда меѓу Газа и Израел, а уште илјадници други биле собрани во еден импровизиран град на околу километар од границата.

Војската соопшти дека демонстрантите фрлале молотови коктели, изгорени гуми и камења кон израелските војници распоредени долж оградата.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека 443 лица се повредени предизвикани од муниција, 320 од солзавец и три од гумени куршуми.

Се очекува во текот на денот протестите да ескалираат на 70-годишнината од основањето на Израел, а ширум Појасот Газа од звучниците на џамиите Палестинците се повикуваат да се приклучат на таканаречениот „Голем марш на враќање“.

Протестот е дел од кампањата за уривање на блокадата на границата меѓу Израел и Појасот Газа која трае веќе 11 години, но и протест против денешното отворање на американската Амбасада во Ерусалим.

Можеби ќе ве интересира

АБАЗ: Америка ги прекрши меѓународните закони, Eрусалим е црвена линија

АБАЗ: Америка ги прекрши меѓународните закони, Eрусалим е црвена линија

РУСИЈА ЈА УНИШТИ ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА: Скоро 200.000 луѓе во Харков се без струја

РУСИЈА ЈА УНИШТИ ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА: Скоро 200.000 луѓе во Харков се без струја

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица