Во притвор браќа кои со години го тероризираа Кичево, дрога и куп пари пронајдени во автомобилот и нивниот дом
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2020
МВР денеска информира дека вчера биле уапсени двајца браќа кои со години го тероризирале Кичево, по што ќе им следува притвор.
Дилерите З.А. и А.А. се запрени од полицијата во Кичево и во нивното ауди биле пронајдени пакувана марихуана, куп пари и нож.
- Тие се познати во градот по тоа што упатуваат закани кон граѓани, како и кон полицајци и нивните семејства. На тој начин ги задскривале криминалните активности. Инаку до сега имаат голем број на кривични пријави, рече Сузана Праниќ Талевска, гласноговорникот на МВР.
Во текот на акцијата полицијата по нивното апсење заминала во нивниот дом, каде што пронашла големо количество кокаин, хероин, марихуана, вага за мерење и голема вредност на пари.