Во Самоа, Кирибати и Тонга дочекана 2019 година
Објавено во: Свет 31 Декември, 2018
Самоа, држава со помалку од 200.000 жители, со години прва ја започнува новогодишната прослава. Пред да почне огнометот над главниот град на Самоа, Апија, освен жителите на местото имаше и многу туристи кои го посетија овој остров за да влезат во Новата година пред сите други на планетава.
Веднаш по Самоа, огномет имаше во Окленд, Нов Зеланд. Но, најспектакуларниот беше оној во Сиднеј, Австралија. Кирибати и Тонга исто така меѓу првите ја дочекаа Новата година.