Во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан загинаа најмалку 30 лица
Објавено во: Свет 22 Април, 2018
Страшна несреќа во Авганистан. Во самоубиствен напад во центарот за регистрација на гласачи во Кабул загинаа најмалку 31 лице, а повеќе од 50 се повредени. Експлозијата се сличила пред влезот на зградата, каде што луѓето чекале да се запишат за гласање.
Првичната истрага покажа дека бомбашот-самоубиец имал експлозивен појас на себе, а очевидци за Би-Би-Си велат дека многу од жртвите биле жени со деца кои биле во центарот за да си ги земат личните карти и да се пријават за гласање. Ова е четврти напад врз ваков центар, откако регистрацијата на гласачите започна пред една недела за изборите што треба да се одржат во октомври.
До нападот дошло кога еден од бомбашите самоубијци со ремен на телото полн со експлозив ја активирал експлозијата во центарот на областа Даште Барши, а ИСИС ја презеде одговорноста.
Изборната администрација оцени дека безбедноста е најголем предизвик, со оглед на тоа што талибанците и други екстремистички организации контролираат голем дел од земјата.