11 Мај, 2021
0.0280

Во штипската болница ковид-пациенти почнаа да се примаат и на Одделот за неврологија

Објавено во: Македонија 04 Јули, 2020

Штипското Инфективно одделение од попладнево и официјално се прошири на Одделот за неврологија, кое се наоѓаше во истата зграда. 

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека четворица  пациенти заразени со коронавирусот веќе се сместени во болничките соби на овој оддел, откако вчера беше испразнет, а пациентите и здравствениот кадар на Наврологија се преселија на одделението за Урологија, пренесе Миа.

На медицинскиот персонал на Инфективно веќе им помагаат медицински сестри од други одделенија, во прва смена работат пет сестри, а во попладневната се ангажирани три. Ѓеорѓијев најави дека од утре почнуваат со работа на ова одделение и лекарите од интерно, кардиологија и анестезиологија, кои ќе им помагаат на инфективнолозите. Со проширувањето на инфективното одделение се добиваат дополнителни 15 болнички кревети. Во моментов на ова одделение се лекуваат околу 40 пациенти од општините од источниот регион

Можеби ќе ве интересира

ЕК ГИ ОХРАБРИ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА: Што ако не се најде решение?

ЕК ГИ ОХРАБРИ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА: Што ако не се најде решение?

ВЛАДАТА ПРЕД ВАЖНА ОДЛУКА: Ќе се олабават ли рестриктивните мерки

ВЛАДАТА ПРЕД ВАЖНА ОДЛУКА: Ќе се олабават ли рестриктивните мерки

ДИРЕКТОРКАТА НА ГАК, Д-Р. ЈОВАНОВСКА: Младата жена што почина не е родилка и не е точно дека и се пресечени цревата

ДИРЕКТОРКАТА НА ГАК, Д-Р. ЈОВАНОВСКА: Младата жена што почина не е родилка и не е точно дека и се пресечени цревата

Кривични пријави добија малолетници за намерно палење контејнери во Тетово

Кривични пријави добија малолетници за намерно палење контејнери во Тетово

Борел тврди дека не постои намера за одвојување на Албанија и Македонија

Борел тврди дека не постои намера за одвојување на Албанија и Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се предлага полицискиот час да почнува од 24 часот, маските остануваат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се предлага полицискиот час да почнува од 24 часот, маските остануваат

Џамбаски ја искоментира средбата на Заев и Урсула фон дер Лајен

Џамбаски ја искоментира средбата на Заев и Урсула фон дер Лајен

Месецов ќе се формира група за соработка со Парламентот на Грузија

Месецов ќе се формира група за соработка со Парламентот на Грузија

Симпоми на труење се појавиле кај триесетина деца кои ја посетуваат кумановската градинка

Симпоми на труење се појавиле кај триесетина деца кои ја посетуваат кумановската градинка